29 Март, 2024
0.0288

12 фирми издале задолжница

Објавено во: Финансии 03 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Централниот регистар на Република Македонија досега има евидентирано 12 задолжници во вкупен износ од 39.860.069 денари, бидејки  транспортни, производствени и компании од областа на трговијата ја искористија задолжницата како инструмент за плаќање.

Оттаму потенцираат дека од ден на ден се зголемува бројот на субјекти кои бараат информации за начинот и постапката за издавање на задолжница, односно за нејзината примена и улога во регулирањето на должничко-доверителските односи.

Задолжницата стартуваше во септември годинава, како нов инструмент, кој Владата го воведе на барање на бизнис заедницата. Првите задолжници беа издадени десетина дена по нејзиното воведување.

Задолжницата им овозможува на приватните компании да ги наплаќаат побарувањата во должничко-доверителските односи, а придонесува за намалување на пристигнатите неплатени обврски, подобрување на ликвидноста на стопанството и засилување на економската активност во државата.

Задолжницата претставува исправа со која должникот - трговско друштво регистрирано согласно Законот за трговски друштва, дава согласност плаќањето на неговите обврски кон одреден доверител да се изврши по присилен пат од сите негови сметки кај сите носители на платен промет. Доколку не се наплати од паричните средства, задолжницата како извршна исправа, може да се наплати и од друг имот. Задолжницата нема се користи како инструмент за наплата на приватниот сектор со државата.

Процесот на издавање задолжница е целосно автоматизиран и се одвива преку системот на Централниот регистар.  Целта на овој инструмент е да се избегне презадолжување на фирмите, со што всушност се штитат доверителите од лоши должници. Друг елемент на сигурност е заверката од нотарот кој го проверува идентитетот на потписниците и овластувањето на органот надлежен за донесување одлуки за задолжувањето со што се избегнуваат судски постапки за докажување на овластувањата. Задолжницата се издава во еден примерок кој му се предава на доверителот. Тој ја поднесува во банката на должникот во одредениот рок на задолжницата и банката е должна да изврши пренос на средства од сметката на должникот на сметката на доверителот во висина на износот на побарувањето. Доколку нема доволно средства на сметката на должникот, банката ја блокира сметката, а наплатата може да се изврши од сите сметки, денарски и девизни, што должникот ги има во другите банки. Ако и на другите сметки на должникот нема доволно средства, задолжницата може да се изврши и од движен и недвижен имот на должникот.

Издавањето задолжница без покритие е квалификувано како кривично дело, за кое е предвидена казна затвор до три години.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка