24 Април, 2024
0.0240

Се повеќе држави во канџите на “должничката криза”

Објавено во: Колумни 04 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Долговите на државите се повеќе растат, се повеќе држави се во должничка криза. Најмногу должат најбогатите земји и најмоќните национални економии. Неконтролираното трошење на малите земји води кон должничко ропство, а големите земји во провалија, од која многу тешко ќе се најде излез. Баукот за долгот    е присутен не само во Европа, туку и во светот. Нема држава која не должи. Меѓутоа, долг во разумни пропорции со доходот кој се остварува и не е така лоша економска политика. Негативно е тоа што од година во година се повеќе и повеќе држави во светот паѓаат во должничка криза. Истовремено истите  неможат без нови, најчесто неповолни задолжувања, да ги подмират обврските кои стигнуваат. Должничката криза, во која светот се подлабоко потонува, не е резултат од сега, туку се иницира децении претходно поради константното подредување на економските политики на регионалното и глобалното условување од една страна  и лошо водење на државните политики од друга страна. Водечките политичари на големите светски економии и денес веруваат дека можат да трошат без ризик и во такава состојба успешно да управуваат со потрошувачката.Според мислењето  на бројни економисти и признати економски куќи за државите должници во кои јавниот долг го надминува прагот на 90% од годишниот БДП, нема враќање во нормална состојба без сериозни последици. Имено, тој критичен должнички праг го имаат надминато веќе Јапонија, Англија, Франција , САД... Исто така тука треба да се има во предвид дека тука станува збор  само за јавниот долг на државите ( кој се пријавува) без долговите кон корпорациите, кои се се четири до пет пати поголеми од јавниот долг.Ваквта состојба убедливо ни потврдува дека светот се вари во должнички казан без јасна визија и доволна волја на водечките држави да се дојде до разумни решенија. Природно е да не може да се троши неограничено и неодговорно  Апсолутно неможе, како што многу држави прават, да се троши неодговорно, неограничено , неусмерено, заборавајќи дека долговите еден ден мора да се вратат. Всушност, поради тоа паѓаат во должничка криза, и се потешко ги подмируваат долговите. Долговите на голем број земји толку се зголемија и ако во догледно време не се намалат има тенденција и можност да предизикаат глобален колапс. Вкупниот глобален долг на сите држави во светот ( кој го опфаќа јавниот долг на државите , долгот на банките  и приватниот долг) во 2002 изнесуваше 80 трилиони долари а една декада подоцна во 2012 изнесува 198 трилиони долари и е три пати поголем од вредноста на светскиот БДП. Јавниот долг на државите во глобалниот долг учествува со 50 трилиони долари. Јавниот долг на државите  енормно расте На крајот од 2010 год. јавниот долг во светската економија е 45.677.124.612.519 и  изнесува 6.525 доалри на жител.Според податоците на CIA World Factbook најголеми апсолутни должници се:САД 14.710, Англија 9.836, Франција 5.633, Јапонија2.719, Италија 2.684 долари по глава на жител. Голем дал членките на ЕУ имаат јавен долг над дозволеното ниво.Јавниот долг и буџетскиот дефицит во 2012 г. изнесува во Грција 150%-11%, Ирска 97%-37%, Англија 78%-9,8%. Долговите на државите од поранешна Југославија Со распадот на Југославија сите земји кои беа во нејзиниот состав изгубија голема економска основа , а пред се голем пазар. Како последица на ваквата состојба се појавува неконтролиран раст на увозот, пораст на јавната потрошувачка, зголемување на трговскиот дефицит, без раст на производството и продуктивноста. Како резултат на тоа се јавува кај овие држави и сукцесивно зголемување на задолженоста спрема странство.Поконкретно во 2011 г. сите заедно должат 120 милјарди евра, што е за 5 пати повеќе  отколку во времето  на распадот на Југославија.Тогаш  долгот изнесувал 22 милјарди. Според јавниот долг Србија е прва (според учеството на долгот во БДП) 51,1% од БДП.Следна е Црна Гора со 48,2%, Словенија со 47%, Хрватска 43,9%, БИХ 34%  и Македонија со 32,7%. Последици од презадолжноста Нема ни една држава која што нема надворешен долг. Ддолговите неможат никогаш да се отплатат, ако државата сака да го анулира долгот ќе мора голем дел од парите и хартиите од вредност да повлече од оптек , што во голема мера би значело државен банкрот. Од друга страна тоа е доволна причина дека мора да се води сметка за висината на долгот. За долгот да се стабилира, одржи на исто ниво  или се намали националната економија треба да оставрува трговски суфицит. Растот на јавниот долг негативно  влијае на инвестициите, акумулацијата на капиталот, ја зголемува економската зависност и го оспорува развојот. Зголемувањето на даноците со цел за сервисирање на долгот, ја намалува меѓународната конкурентност на земјата, ги намалува инвестициите, го оспорува економскиот развој и го загрозува животниот стандард на граѓаните. Влошувањето на било кој параметар кој  го одредува односот на долгот спрема БДП може да предизвика должничка криза и да ги оневозможи државите да ги подмируваат своите долгови. Државните долгови и неадекватна монетарна политика секогаш се плодна почва за инфлација, кога нивоо на долгот спрема БДП енормно се зголеми. Проблемот на задолженоста е едно од најактуелните прашања во глобалната економија, за високо  задолжените држави кои се во се поголем број, но иста така и за останатите. Всушност,  сите заедно се ангажирани за изнаоѓање најбезболно решение. Со сигурност може да се очекува дека САД од оваа година ќе посвети посебно внимание за проблемите на буџетскиот дефицит и јавниот долг и со своите решенија непосредно и посредно ќе влијае на другите земји да делуват по трезвено и поодговорно, што ќе претставува  значаен притисок и детерминанта за нивниот и глобалниот економски развој. Нас ни останува да видиме дали светската економија преку постоечкиот економски поредок ќе понуди концепт, рецепт, и насока, за вистински одговор за предизвикот т.н должничка криза со која се соочува светската економија  денес. М-р Влатко Пачешкоски

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок