19 Април, 2024
0.0266

Се повеќе криминалци на службено патување!

Објавено во: Економија, Колумни 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Се повеќе криминалци на службено патување!

Сеад Кочан не е во бегство, туку е заминат на службено патување. Да не беше глупаво, ќе беше смешно.  Вулгарен спин со кој се потценува интелигенцијата на народот. Државата со потерница го бара осомниченото лице, а тоа толку многу обземено со обврските, се‘ уште не дознал за настанот дека треба да го транспортираат во Шутка. И што е интересно, оваа изјава ја дава никој друг туку адвокатот на Груевски. Која случајност, и лидерот и Кочан имаат ист правен застапник!  Но што е добро во целата прикаска? И до вчера непобедливите, почнаа да бегаат. Значи работите се движат. И затоа тврдам, допрва ќе имаме слични службени патувања.

А како што се одмотува клопчето, нервозата кај „патриотите“ кулминира и надуваниот балон издишува. Пред некој ден и Заев ги информираше дека  унитарноста воопшто не е доведена во прашање. Со претставувањето на Програмата на новата влада Заев ги демаскира спиновите за антидржавните завери. За жал, во Програмата немаше решенија за спас на Кочан и криминалите направени од огрешените. Ако секој мора да одговара пред судовите, а судиите судат според словото на законите нема подобар механизам за заштита на државата. А унитарноста, не само што не е загрозена, туку има доста „осигурувачи“ за да не се случат несакани дефекти, дури и кога некој би сакал да ја загрози.

Тоа што е обезбедено со Уставот не може да се дерогира без негова промена, а него нема никаква шанса да го промени потенцијалната влада, бидејќи нема 2/3 мнозинство во Парламентот. Доколку некој сака тоа да го изигра преку закони, ќе се соочи со Уставниот суд. А за промена на името на државата, нема место за дискусија. Партиите се единствени. За тоа мора на референдум да се изјасни народот.

И сега зошто сите овие циркузи? И на врапците  им е јасно што стои за тоа да се оневозможи да се формира влада која, меѓу другото, има за цел да го пролонгира рокот за работење на СЈО и да се обезбедат услови за негово поефикасно процесуирање на покренатите постапки. Значи, интересот за спречување на  формирањето на новата влада е мотивиран од криминалците. Инспиратори на отпорите се осомничените и оптужените за различни видови криминал од врвот на власта, нивни соработници и поддржувачи во државните органи и институции кои се офајдиле од нерегуларностите во вршењето на нивната работа и корумпирани клиентелисти. Се покажа дека тие се‘ уште имаат моќ за уцени,  заплашувања и, нормално, да регрутираат луѓе во протестите. За се‘уште директно зависните од моќните во власта тоа и не е чудно. Интересен е феноменот кога  материјално-финансиски независни личности настапуваат како говорници на протестите со спинувани аргументи за загрозената унитарност на земјата. Очигледно, достоинството и кај нив има цена и ако не се купува со пари, тогаш се купува со многу пари или бенефиции.

И додека одредени „патриоти“ финансиски профитираат од ваквата ситуација, а други ја спасуваат голата кожа, крајно време е потенцијалните коалициони партнери за формирање на влада да престанат да налеваат масло на огнот. Добивањето на поени во сопствениот двор преку националистичка  реторика веќе не поминува. И многу штети на граѓанските интереси. Народот повеќе сака правна држава, квалитетен образовен  и здраствен систем отколку двојазичност на парите или униформите. И пред и по оваа криза, сите националности во Македонија повеќе ги преферираат еврата иако се напишани на латиница и никаде го нема зборот денари. Стремежот да ја позиционираме нашата национална валута како реално (а не фиктивно) конвертибилна треба да биде приоритет, од кој бенефит ќе имаат сите. Ако продолжиме да го штитиме криминалот за божем да ја зачуваме државата, „патриоите“ први ќе се откажат од денарот, затоа што нема да вреди.

Значи, разврска на оваа криза е во интерес на граѓаните, не на криминалците. Во интерес на граѓаните е своите права да ги остваруваат во правно уредена држава независно од нивната партиска и друга определеност.  Ова треба да го сфатат и партиските водачи на парламентарните партии на Албанците и без колебања да се приклучат кон рефромската влада на Заев. Не е момент за ценкања.

д-р Крсте Шајноски


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб