Се прегласува само на едно место во општина Чаир
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2017
Дел од граѓаните на Општина Чаир, на избирачкото место 290, денеска имаат право повторно да гласаат за избор на градоначалник, бидејќи ова е единствееното место на кое ќе се прегласува по вториот круг на локалните избори.
Според досегашните информации гласањето на местото 2901 започнало навреме и се одвива мирно без никакви нарушувања.
По вториот круг од локалните избори, одржани на 29 октомври, политичките партии поднесоа 16 тужби, Управниот суд отфрли 15 од нив, и ја прифати тужбата за ова избирачко место каде што се запишани вкупно се запишани 719 избирачи.
Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа