Се преврте рингишпил во Сараево - има ли повредени?
Објавено во: Балкан 16 Декември, 2017
Се преврте рингишпил во парк во Сараево, при што еден маж е повреден.
Кога се случила несреќата на рингишпилот имало три лица, меѓу кои татко и ќерка.
Таткото е повреден и пренесен во Ургентниот центар. Истрагата треба да утврди кои се причините за несреќата затоа што од компанијата тврдат
дека рингишпилот бил во исправна состојба и со дозвола.
Машината ќе остане исклулена додека не се утврди причината за лизгањето.