19 Април, 2024
0.0301

Се проблематизира изградбата на новиот Клинички центар

Објавено во: Македонија 26 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Конзорциум предводен од фирма со негативен бонитет, споротивно на тендерските услови е одбрана да го гради новиот Клинички центар. Телевизја 24 ги објави документите според кои  понудата на конзорциумот Гранит, Бетон и италијанската Инсо системи е вреднувана како најповолна.

Од Министерството вчера излегоа само со краток одговор.

„Тендерската комисија го достави извештајот до банката кредитор, истиот е одобрен и економските оператори имаат можност, ако сакаат, да достават жалба. Министерството за здравство не може да објавува други информации во овој момент, бидејќи тоа би било сериозно прекршување на процедурата“.                                     

Се отвара прашањето по кои критериуми и зошто Комисјата за евалуација ја одбрала понудата на козорицумот со негативен бонитет, кога во тендерската документација децидно стои дека еден од условите е фирмата да покаже позитивна финансиска состојба.

„Подносителот на барањето исто така треба да покаже, на задоволство на Работодавачот, дека има соодветни извори на финансии, за да  ги  исполни условите за прилив на готовина на работите кои се во тек и за иднините договорни обврски . Билансот на состојба кој е извршен од лиценциран ревизор,  или ако не е предвидено задолжително со закон во земјата од која е  апликантот, други финансиски изјави прифатливи за работодавачот за последните 3 години (2013,2014 и 2015 година),  и да покаже позитивна финасиска состојба на апликантот и да ја покаже долгорочна профитабилност“, стои во тендерската документација.

По овие тендерски одлуки се огласија од  СДСМ. Повикаа тендерот да сопре, најавија ревизија.

„Ова спроведување на тендери во време кога има трансфер на власта, буди сомнение дека се работи за сомнителни и криминални активности, за кои ако се докаже дека се работи надвор од законот, ќе има и одговорност“, изјави Јагода Шахпаска од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера исто така излегоа со реакција која повеќе личеше на листа што се сработиле во областа на здраството во изминатите десет години.

„Граѓаните паметат и лесно може да направат разлика помеѓу инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството и катастрофата која СДСМ ја предизвика. Во тек е спроведувањето на историски најголем инвестициски циклус во еден момент во здравствена инфраструктура, во вредност над 74.6 милиони евра (над 4.5 милијарди денари)“.

Изградбата на новиот клинички центар проект тежок 80 милиони евра е проследена со низа контроверзии од изборот на локација, па се до повисоки понуди од планираната сума. Дополнително според антикорупционерите е спорно што и проектот се бутка од страна на техничка Влада, во време кога се чека избор на нова.

Извор: 24vesti.mk

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?