29 Март, 2024
0.0281

Се продава Поштенска банка!

Објавено во: Финансии 09 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Како што дознава Фактор, Министерството за финансии бара консултантска куќа која ќе направи проценка на Поштенска банка АД Скопје како и проценка на акциите на банката. Владата со својата златна акција се уште има одлучувачка позиција за продажба на оваа банка. Катерина Попоска На Поштенска банка најверојатно и се спрема продажба, дознава Фактор од банкарски извори. Според неофицијални информации, во Министерството за финансии на големо се “чисти теренот“ за продажба на оваа банка, за која изминатите две години наголемо се зборуваше дека грчки и албански инвеститори атакуваат на неа. Како што дознава Фактор, Министерството за финансии бара консултантска куќа која ќе направи проценка на Поштенска банка АД Скопје како и проценка на акциите на банката. Дека на Владата, која поседува златка акција, и се брза покажуваат и информациите на Фактор дека консултантот треба да се најде најдоцна до крајот на јануари. Доброупатени извори во Поштенска банка пак, за Фактор откриваат дека Министерството за финансии најверојатно ги чисти билансите на Македонска пошта и сака да си ги префрли 33,33% акции. “Сепак, Владата индиректно е сопственик на Поштенска банка преку акциите на Македонски пошти. Формирана е работна група составена од претставници од Министерството за финансии, од Македонски пошти и од други државни институции за да одлучат околу евентуалното заедничко работење понатаму на Поштенска банка и Македонски пошти, бидејќи истече тригодишната соработка. Најверојатно Министерството за финансии ги чисти билансите на Македонски пошти и сака да ги префрли акциите кои оваа компанија ги има во Поштенска банка. А, инаку, Поштенска банка е на продажба, но за сега ништо конкретно не можам да кажам“, коментира за Фактор доброупатен извор од Поштенска банка кој сака да остане анонимен. Доминантниот пакет-акции од 66,66% во Поштенска ги има Еуростандард банка, додека 33,33% од акциите и натаму остануваат во сопственост на Македонски пошти. Владата со својата златна акција се уште има одлучувачка позиција кога е во прашање продажбата на оваа банка. Според последните податоците објавени на интернет страницата на Поштенска банка АД Скопје, основниот капитал на банката е околу 5,6 милиони евра, додека номиналаната вредност на акцијата е 188 евра. Банката има околу 70 вработени. Грци и Албанци ја меркаа, но не ја купија Поштенска банка! Во банкарските кругови минатата година наголемо се зборуваше дека грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас сака да купи банка во Македонија. Сопственикот на Поштенска банка, Трифун Костовски, тогаш јавно потврди дека преговарал со Кондоминас, но безуспешно. Костовски преговараше и со албанската банка Крединс, но ниту со нејзините претставници успеа да договори продажба на Поштенска банка. „Последните преговори и со грчките и со албанските инвеститори завршија без договор за купување бидејќи условите што ги понудија не беа прифатливи за нас. Тие на Македонија гледаат како на неатратктривна земја за нивниот капитал и ја потценуваат вредноста на домашните банки. Освен тоа, во случајот со Поштенска банка, Владата со златната акција, која и дава одлучувачко право, го кочи процесот, па дури се уште воопшто се нема изјаснето ниту за преговорите со бугарската Централна кооперативна банка, со која ние првично постигнавме договор. Поради тоа, планираме да побараме поништување на таа златна акција, делот што го имаме во Поштенска банка да се спои со Еуростандард банка, а владиниот дел со Македонски пошти. Веројатно, тоа ќе биде најдобро решение”, изјави минатата година Костовски. Според јавно достапните информации, во 2012 година за Поштенска се интересираше тетовската компанија Еколог. Од менаџментот на компанијата потврдија дека преговорите за купување отидоа во понапредна фаза, а се најавуваше дека сопственици на Поштенска банка ќе станат преку друга германска банка. Подоцна Костовски во медиумите изјави дека веднаш откако утврдиле за каква компанија се работи, се откажале од преговорите со Еколог. Откако Народната банка на Македонија (НБМ) издаде наредба за продажба на Поштенска банка, најдалечната фаза до која стигна банката се преговорите. Во 2005 година холандската банка ИНГ сакаше да влезе во македонскиот банкарски сектор токму преку Поштенска банка. Иако преговорите дојдоа до самиот крај, непсредно пред склучувањето на договорот, Холанѓаните се откажаа од Поштенска без никаква најава. Зделката пропадна со образложение од Амстердам дека Македонија не била стратешка земја за банкарскиот бренд. Две години подоцна, интерес за купување на Поштенска банка покажа Централната кооперативна банка од Софија (ЦКБ), која е во сопственост на двајца бизнисмени за кои се смета дека биле блиски сегашниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов. По неколкумесечни преговори и средби, НБМ во декември 2007 година даде согласност за продажба на Поштенска банка на бугарската ЦКБ. Но, и тогаш немаше конкретен договор, иако претставниците на ЦКБ дури и уплатија депозит од 9 милиони евра за склучување на договорот за купопродажба. Владата со својата златна акција во последен момент се премисли и ја запре продажбата.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап