Се протестира против двојазичност, овој пат и со градежна механизација
Објавено во: Македонија 24 Март, 2017
Поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ 26-ти ден маршираат во Скопје.
На скоро еден месец од протестите, тие се истрајни во својата намера. Демонстрантите денеска побараа претседателот на Собранието да ја осуди и отфрли тиранската влада.
На протестот вечерва има и градежна механизација. Граѓаните се против платформата од Тирана, двојазичност и федерализирање на Република Македонија.
Освен во главниот град, маршеви има и во други градови во внатрешноста.
Протести има во Охрид, Берово, Кривогаштани, Кичево и други општини.Претходните денови протестираа и учениците од повеќе градови.