20 Април, 2024
0.0268

Се распишува тендерот за гасификација на источна и западна Македонија

Објавено во: Македонија 15 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Владата го распишува тендерот за гасификација на источна и западна Македонија. Физибилити студијата е веќе изготвена и усвоена, а сега ќе се бара компанија која ќе ја гради мрежата во останатите општини освен Скопје. „Ако повикот биде успешен во 2015, значи дека до 2020 би требало да имаме целокупен дистрибутивен систем“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. Вкупната инвестиција за дистрибутивната мрежа долга над 650 километри ќе биде 150 милиони евра од кои 100 за скопскиот регион за кој јавните повици се веќе објавени и 50 за другите два, источниот и западниот. Домашната мрежа што ќе се гради ќе биде подготвена за сите сценарија, без оглед од каде ќе стигнува гас во земјава. „Независно дали ќе доаѓа од ТАП, дали преку Гаспром има и некои други варијанти кои се во игра, но сепак тие не зависат од Македонија, туку од меѓународни случувања. Наша задача е системот да го направиме флексибилен. И се што е потребно го правиме во таа насока“, вели Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања. Достапноста на овој енергенс ќе значи пониски сметки за граѓаните, смета министерот за економија Беким Незири. „Ако индивидуален станбен објект голем 240 метри квадратни премине од екстра лесно гориво на гас, заштедата би била 45 отсто. Кај јавните институции, пак, заштедата би била околу 24 проценти“, објаснува тој.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите