СЕ СООЧУВААТ СО ПРОБЛЕМИ: Им недостигаат скоро 80.000 работници
Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2017
Eдна од скандинавските земји има потреба од 78.000 работници.
Недостигот од работна сила би можел да го спречи економскиот раст на Шведска. За ова предупредуваат аналитичарите, а ситуацијата не успеа да ја подобри ниту мигрантскиот бран што пред две години ја погоди земјата. Со мигрантите бројот на жители во скандинавските земји пораснал за 10 милиони.
Во јунското истражување на Конфедерацијата на шведски претприемачи, чие членство брои околу 60.000 претпријатија, е дојдено до заклучок дека 75% од компаниите што вработувале имале проблем во пронаоѓање доволно квалификуван кандидат.
Бројот на слободни работотни места е најголем од 2000 година наваму.Сега во Шведска бројот на слободни работни места е за 9% поголем од лани или за 41% поголем од пред две години.
Оваа година економскиот раст во Шведска ќе биде 3%, а следната година ќе изнесува 2.5%.
Но, недостигот на работници може да биде и добра вест затоа што изминативе години платите во Шведска не пораснаа.
Без работа во земјата се 300.000 луѓе, а стапката на невработеност е 3.9%.