29 Март, 2024
0.0248

Се спаси еврото во Грција; долгот намален, стигнува помош од 43,7 милијарди евра

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Министрите за финансии од еврозоната доцна синоќа, по маратонскиот состанок од 12 часа,  се договорија за формула за намалување на грчкиот долг на 124 отсто од Бруто домашниот производ до 2020 година. Со ова, Атина ќе биде подложена на уште поголема фискална контрола, но со можност долгот да се намали уште повеќе во наредните години. Состанокот на еврогрупата, кој траел 12 часа, резултираше со договор меѓу министрите за финансии и извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, за мерките кои веднаш ќе го намалат грчкиот долг за 20 процентни поени. На состанокот бил направен план за налалување на долгот под 110 отсто од грчкото БДП до 2022 година. Договорот, значи дека Грција до крајот на годинава ќе добие 34,4 милијарди евра, од кои 23,8 милијарди за рекапитализација на грчките банки, но остатокот од помошните кредити  или 9,3 милијарди евра,  што се очекуваа наредниот месец, ќе бидат исплатени во три транши на почетокот на следната година, со што ќе се стигне до сума од 43,7 милијарди евра помош на Грција. Како што изјави грчкот министер за финансии Јанис Стурнарас, договорот меѓу еврозоната и ММФ за преземање низа мерки за намалување на грчкиот јавен долг ќе ја задржи земјата во еврозоната. „Одлуката на еврозоната и ММФ е важна затоа што ја задржува Грција во еврото, и дава значајна можност да излезе од рецесијата и презадолженоста и да придонесе во намалување на својот долг, изјави Стурнарас. Тој истакна и дека понатамошно намалување на каматите на парите кои и се позајмени на Грција од страна на еврозоната е голем поттик.

И останатите лидери го поздравија договорот.

„Овде не се работи за пари. Ова е ветување за подобра иднина за грчкиот народ и зоната на еврото во целина, излез од ерата на промашени цели и лабава имплементација кон нова парадигма на реформи, одбивајќи ги должничките стапки и враќање кон раст“, изјави шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер по состанокот. Според еврокомеасарот за монетарни прашања Оли Рен, ова беше тест и за еврозоната, а како што вели, Грција покажа сериозност за реформите, за што еврогрупата и даде признние. Лагард ја повтори посветеноста на ММФ на грчката програма, но рече дека Фондот ќе чека прво да се спроведе шемата за откуп на обврзници со цел намалување на грчкиот долг, а потоа ќе одлучи за доделување на неговиот дел од финансиската помош. Еве и дел од насловите кои утрово осамнаа на првите страници на грчките весници. Етнос: До решение се стигна по взаемни отстапки на Германија и ММФ бидејќи несогласувањата меѓу нив доведоа до забавување на финансиската помош за Атина. Катимерини: За да го добие парите, на Грција и се поставени строги услови и механизам за надзор. Та неа: - Грција доби 44 милијарди евра по драматичен 12-часовен пазар. На седницата не стана збор за ново отпишување на грчкиот долг кое го бараа ММФ. Одлуката на еврогрупата не го решава должничкиот проблем на државата, но им дава на Грците основа за првични насмевки. Екси мерес: Решението е „нејасно“ и „банално“. Тоа ќе ја одблокира траншата, но ја држи Грција како заложник на рестрикции и рецесија без да го реши проблемот со долгот. Имерсија: Договорот постигнат во Брисел е историски.Самарас:„за грчкиот народ почнува целосно нов ден“.

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува