СЕ СТРЕСЕ БОСНА: Потресот почувствуван и во Дубровник
Објавено во: Балкан 03 Ноември, 2017
Земјотрес од БиХ денеска е почувствуван и во делови од Хрватска.
Земјотрес oд 4,1 степени според Рихтер ја погоди Босна и Херцеговина, а истиот потрес го почувствувале и луѓето во Далмација.
Епицентарот бил на длабочина од 2 километри, лоциран 9 километри јужно од Благај. Истиот е почувствуван и во Сараево и Дубровник.
Се тресело и на Далмација, потврдиле жители за регионалните медиуми. Епицентарот бил на 80 километри од Сараево, на 20 од Меѓугорје и на 60 од Дубровник.
Ваков земјотрес може да предизвика оштетувања само на стари згради и објекти.