Се стресе град во регионот
Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2017
Хрватскиот град Ријека денеска повторно се стресе.
Утрово во 6 часот и 5 минути сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа слаб потрес со епицентар во Бакарскиот залив, на 12 км југоисточно од Ријека. Јачината на потресот изнесувала 2,6 според Рихер, а интензитетот во епицентарот бил од IV степени според Меркалиевата скала. Земјотресот се почувствувал во Ријека и околината, соопшти Државниот сеизмолошки сојуз.
Пред два дена три потреси имаше во истиот град.