СЕ СТРЕСЕ СЕВЕРНА КОРЕЈА: Дали е ова нова ракетна проба?
Објавено во: Свет 23 Септември, 2017
Земјотрес денеска имаше во Северна Кореја.
Кинеската сеизмолошка служба регистрираше земјотрес во Северна Кореја со јачина од 3,4 степени на нула длабочина, пренесе Ксинхуа.
Епицентарот на земјотресот е на 41,36 степени северна географска ширина и 129,06 степени источна ширина.
Епицентарот е скоро на истото место на кое беше и оној од земјотресот на 3 септември, за кој подоцна се утврди дека бил предизвикан од нуклеарна проба изведена од севернокорејските власти.
Oд Јужна Кореја сметаат дека се работи за природна појава.
Поради нулеарните проби, се заострија односите меѓу САД и Северна Кореја.Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека верува дека размената на навреди и закани меѓу САД и Северна Кореја е неприфатлива и двете страни треба да направат чекор наназад.
Кина пак информираше дека ќе го ограничи извозот на нафта за Северна Кореја во согласност со санкциите на ОН воведени поради нуклеарната и ракетна програма на Пјонгјанг.
Доколку Северна Кореја изврши тестирање на хидрогенска бомба во Тихиот Океан, тоа ќе биде „промена на играта“ и САД ќе го третираат сериозно.