Се стресе Скопје, нов земјотрес
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2018
Земјотрес од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Скопје и околината.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје објави дека епицентарот е на само неколку километри источно од централното градско подрачје, со локална Рихтерова магнитуда од два степена.
Земјотресот е регистриран во 15 часот и 43 минути и потекнува од скопското епицентрално подрачје.