24 Април, 2024
0.0284

СЕ УКИНУВА ЕКСТЕРНОТО: Новковски - на обрaзованието му треба санирање!

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По скратена собраниска постапка, СДСМ бара законски измени со кои ќе се овозможи укинување на екстерното оценување. Партиски функционери и пратеници веќе остварија средба со матуранти, наставници, професори на која се разговараше за укинувањето на екстерното тестирање, како и за реформите во обвразованието кои се предвидени во Програмата на новата Влада. Креаторот на моделот на екстерното оценување, Вмро Домне останува на ставот дека овој концепт придонесе кон кавлитативно зајакнување на образованието и обективност во оценувањето. Дел од универзитетската фела смета дека и по шест години од воведувањето – ефектите сеуште не се познати.

Дали екстерното ги даде очекуваните позитивни резултати?

ФАКТОР: Моделот на екстерно тестирање од самиот почеток предизвика бурни реакции во јавноста. Дали сметата дека целта и во однос на знењето на учениците и во однос на контролата на наставниците се постигна ?

Новковски: Моделот на екстерното ценување беше оптоварен со некои неприфатливи содржини што создадоа нпремостливи проблеми. Тоа посебно се однесува на воведувањето на санкции за учениците и наставниците врз основа на оценките од екстерното оценување. Некои од тие снакции беа бесмислени, како што е ставањето на непреодни оценки во завршните свидетелста, а други беа драстични, како што беше предвиденото бркање од работа на наставниците базирано на разликата помеѓу оценките на учениците од континуирното о ектерното оценување.

Фактор: Дали ваквите модели на оценување на завршното знаење се пракаса во земјите од регионот и од Европа?

Новковски: Екстерното оценување беше воведено со цел да се обезбеди компатибилност со европските системи на образование каде што тоа има значајна улога. За жал, наместо да се насочи кон вистинските цели во функција на подобрување на образовниот процес, тоа се сврте кон создавање на неповолен амбиент во образованието, што предизвика огромни реакции и незадоволство.

Образование – до кога ќе се експериментира?

Фактор: Дали сметате дека моделот треба целосно да се укине или можеби треба да се модифицира?

Новковски: Најправилно би било да се укинат одредбите коишто предвидуваат санкции за учениците и наставниците и да се насочат активностите кон подобрување на системот и анализа на резултатите за потребите на развојот на образованието. Тоа не би предизвикало суштински промени од оргнизациски и законодавен аспект, а би било огромен исчекор во унапредувањето на образовниот процес. Наместо ставањето на тежината врз санкциите, активностите терба да се насочат кон создавање на капацитети за анализа на податоците што се добиваат од екстерното оценување, што ќе пертставува еден значаен извор на сознанија за актуелните состојби и можностите за нивно подбрување.

Фактор: Во образованието влезе и Кембриџ програмата – колку таа даде резултати во симисла на квалитативно зајакнување на образованието?

Новковски: Оваа програма беше воведена целосно спротивно на тековите на развитокот на нашето образование и на неговите темели. Ниту се добиени подбрувања, ниту пак можат да се очекуваат во иднина подобрувања. Единствено ќе бидат изгубени со децении создаваните национални ресурси на образованието. Таа програма не е ниту стандард за европските земји, ниту пак е вообичаена во земјите што се слични на нас. Со нејзиното воведување ние се оддалечуваме во огромна мерка од земјите со коишто имаме на долг рок компатибилни системи на образование и непречена мобилност на кадарот Со ваквите промени се перкине нормална комуникација на образовните системи со тие земји и можноста младите непречено да минуваат од еден образовен степен на друг во некој а од тие земји и обратно.

Фактор: Образование – што треба да се менува, како проритет на идната Влада?

Новковски: Приоритет на оваа влада не треба да бидат промени во обрзованието туку да ги санира огромните штети што ги направи претходната со необмислените промени. Посебно, треба да се запрат обидите за подривање на Болоњскиот процес што ги отпочна претходната со укинување на системот 3+2 или 4+1 за првиот и вториот циксус на студии. Тоа е првото што треба да се направи зашто воспоставувањето на системот компатибилен со европските беше еден од основните услови за влез во ЕУ. И овде, расипувањето на системот, ако не се спречи, ќе доведе до намалуавање на соработката со земјите блиски на Македонија и со традиционално слични образовни системи, како и на мобилноста на кадрите и студентите.

Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП