19 Април, 2024
0.0297

Се укинуваат и намалуваат царини, помошта за стопанството 480 илјади евра!

Објавено во: Финансии 02 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Од нова година Владата ги укинува или намалува царинските стапки за репроматеријали за резервни автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси,  како директна поддршка на пет стопански гранки. - Укинувањето на царинските стапки за тие стоки е во функција на подобрување на условите за стопанисување на домашните производители, развој на индустријата и поголем извоз на странските пазари, вели Министерот за финансии Зоран Ставрески. Според Ставрески, бидејќи во Македонија работат индустриски капацитети коишто произведуваат автомобилски делови, како поддоговарачи на големите автомобилски компании и кои се извозно ориентирани, се укинува стапката од 15 проценти за облоги и плочки за кочници, фрикциони производи и други делови од нетемперирано леано железо. Во металопеработувачката индустрија за над  105 производи, пред се алатни машини,  се намалуават стапките кои  досега изнесуваа 5 проценти и повеќе. Ќе има намалување на царините  и за транспортниот сектор со цел обнова  на возниот парк и намалување на трошоците на  транспортните компании. Се намалуваат царините за автобусите и минибусите од прва категорија од 10 проценти на 5 проценти, а царините за автобусите и минибусите од втора категорија се намалуваат од 15 на 5 проценти. Царините за вагоните и цистерните пак, кои досега изнесуваа 4 проценти, сега се укинуваат. Се укинува стапката што досега изнесуваше 6 проценти за фолии од полиетилен,  што делумно се употребуваат во прехранбената индустрија и во графичката индустрија кај копир апаратите. - На овој начин преку значително намалување и укинување на царинските стапки  Владата директно ќе им помогне на пет-шест сектори што се значајни за македонската индустрија и  коишто во вакви околности кога се соочуваат со предизвиците на европската и светската економска криза  и очекуваат поддршка од Владата, вели Ставрески.  Вкупно сите намалувања изнесуваат околу 30 милиони денари (480 илјади евра) на годишно ниво.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин