20 Април, 2024
0.0301

Се урна хеликоптерот на мексиканскиот министер за внатрешни работи, неколкумина мртви

Објавено во: Свет 17 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Хеликоптер со кој мексиканскиот министер за внатрешни работи Алфонсо Наварете се превезуваше до местото на синоќешниот земјотрес во Мексико, се урна при слетувањето, при што загинаа неколку луѓе на земјата, соопшти претседателот Енрике Пења Нието. Претседателот соопшти дека министерот е не е повреден.

Наварете патувал заедно со гувернерот на државата Оахака Алехандро Мурат и уште неколку владини претставници кон градот Пинотепа де Сан Луис, во зоната која неколку часа претходно беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,2.

Претседателот Енрике Пења Нието соопшти дека министерот Навара, гувернерот Мурат, како и екипажот се неповредено, но животот го загубиле неколку луѓе на земјата.

„Министерот Навара и гувернерот Алехандро Мурат, како и екипажот, се неповредени. За жал, неколку луѓе на земјата загинале, а други се повредени”, напиша на Твитер претседателот Нието и изрази сочувство на семејствата на жртвите.

За каналот „Телевиса” Алфонсо Наварете изјави дека пилотот на хеликоптерот изгубил контрола над машината на околу 40 метри од земјата.

Репортер на „Телевиса”, кој патувал со министерот, раскажа дека хеликоптерот ненадејно паднал откако кренал голем облак прашина над теренот за слетување. Новинарот, кој успеал да го напушти хеликоптерот со помош на војската, видел најмалку три тела.

Можеби ќе ве интересира

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи