20 Април, 2024
0.0252

Се враќа ли довербата на штедачите? Прочитајте со какво темпо се враќаат заштедите во банките

Објавено во: Финансии 21 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

На крајот на октомври иако бележи четиримесечен непрекинат раст депозитната база во домашна валута е 5 милијарди денари пониска од таа во март, а кај девизите заштедите на крај на октомври се минимално повисоки од тие во март годинава кога почна стампедото предизвикано од политичката криза

Полека се враќа довербата на граѓаните во домашните банки, разнишана од пролетниот удар предизвикан од политичката криза во земјава, ова го покажуваат најновите податоци што ги објави Народната банка на Македонија за движењата на орочените, штедните и девизните депозити на македонските граѓани. Нивото на заштеди во денари расте од јули до октомври непрекинато, а во истиот период од четири месеци без прекин расте и нивото на заштеди во странски валути. Ова го покажуваат податоците објавени на 14 декември во прегледот на депозитни институции објавен од централната банка. 
Резидентите односно граѓаните на крајот на октомври во домашните банки и штедилници на крајот на октомври годинава чуваат вкупно до домашна и во странска валута заштеди во вредност од 163,81 милијарди денари односно 2,65 милијарди евра.

Нивото на граѓанските заштеди во домашна валута на крајот од октомври иако бележи подобрување сепак е далеку од нивото во март и тоа за 5 милијарди денари. Кај штедењето во странска валута доврбата е целосно вратена и дури нивото е повисоко од тоа во март, но тука влијае сигурно има и зајакнатиот американски долар.

Граѓаните извлекоа 110 милиони евра од банките во пролетната криза

Билансите на централната банка покажуваат дека во периодот март-јуни од банките граѓаните извлекле околу 110 милиони евра односно 6,8 милијарди денари. На месечно ниво најдрастично намалување имало на преодот од март кон април кога од денарската депозитна база биле извлечени околу 3,2 милијарди денари. Кај еврата паниката била помала и во тој период од депозитната база биле извлечени девизи во вредност на 1,05 милијарди денари. Во периодот од март до јуни од депозитната база во домашна валута имало намалување за 5,36 милијарди денари, а кај девизите во овој период има намалување од 1,44 милијарди денари.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин