Се затвора подводен рудник во Кина, еве зошто...
Објавено во: Свет 26 Мај, 2017
Кина ќе го затвори својот единствен подводен рудник на јаглен.
Со ова земјата сака да го спречи растечкото производство кое се заканува да го загрози планетарниот премин на чисти горива.
Кинеските медиуми јавија дека рудникот Бејцао во провинцијата Шандунг ќе биде затворен во октомври, а дека 1.580 вработени ќе добијат нова работа.
Кина е најголем светски потрошувач на јглен, а загадувањето од неговото согорување во голема мера создава смог кој прекрива голем број кинески градови. Властите лани најавија затворање на 1000 рудници.