20 Април, 2024
0.0295

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ РЕЗЕРВИ НА НЕПРОДАДЕНА НАФТА: Цената е на тримесечно дно

Објавено во: Економија 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Цената на нафтата e на најниско ниво по 3 месеци. 

Oва се случува и покрај напорите и инсистирањето на ОПЕК да го намали производството.

Така сортата „Брент“ се намали за 0,2% до 51.26 долари за барел во утринската сесија денеска. Ова е најниско ниво од крајот на ноември 2016 година.

Американската сорта WTI падна за 0.4% до 48.3 долари за барел.

Притисокот врз цените покажуваат податоци дека компаниите во САД го зголемуваат бројот на сондите во нафтените полиња.

За прв пат од декември, лани, цените на нафтата на светските берзи паднаа под 50 американски долари за еден барел, јавуваат светските медиуми.

На почетокот на јануари, годинава, просечната цена за еден барел изнесуваше 57,10 долари, а само пред неколку дена таа падна на 51,97 долари.

Цената на нафтата беше повеќе од 50 долари за барел откако ОПЕК и другите земји производители, почнаа да го намалуваат производството на почетокот на 2017 година, и тоа со намера да настојуваат да се намали вишокот од понудата на глобалниот пазар.

Резервите на непродадена нафта во САД пораснале на 8,2 милиони барели дневно, што е четирипати повеќе од очекувањата на берзата. Експертите сметаат дека токму оваа информација е причината за падот на цената на нафтата на светските берзи.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор