25 Април, 2024
0.3463

Сечење на „канџите“ на Иванов

Објавено во: Македонија, Колумни 18 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Иванов барал правно решение! Неправно било ако се избере влада без тој да определи мандатор. А уште понеправно било ако парламентарното мнозинство во Собранието избере спикер со заобиколување на парламентарниот циркус на реплики и контра реплики од страна на пратениците од ДПМНЕ. И сето тоа откако прекрши се‘ што овозможуваше нормален трансфер на власта, и по Устав и по закон и по, од никого, неоспорените парламентарни избори. Само Хорхе заборави, ако ваквите демократски процеси некој ги спречува, ќе мора да се соочи со фактот дека мнозинството граѓани имаат не само право, туку и должност да ја остварат волјата на мнозинството. Умни луѓе кажале, кога неправдата ќе стане закон, отпорот станува обврска.

Во меѓувреме, Груевски се‘ уште се повикува на народот на улица. Продолжувањето на кризата со бесмислени аргументи за одбраната на унитарноста е јадица на која се фатија неинформирани, изманипулирани, уценети, добро нафатирани „патриоти“. А целта е проста. Инспираторите сакаат да се спречи мирниот трансфер на власта со избор на реформска влада која, со Програмата за работа, најавува дефинитивно демонтирање на автократскиот режим, негово целосно демаскирање и за неделата што се знаат и за оние за кои има сомневања, како и за оние кои се‘уште се во „мракот“ поради децениската нетранспарентност на власта во заминување.

Академик Абдулменаф Беџети веќе го повика ДУИ да ја повлече „Тиранската изјава“. Очекувам слично да постапат и останатите интелектуалци од албанска провиниенција, а предводниците на блокот албански партии да постапат онака како што во моменто е најмудро. Мислам дека со тоа не само што ќе го покажат државотворниот капацитет, кој многу пати досега бил поизразен кај нив отколку кај некои македонски интелектуалци и политичари, туку со еден потег, криминалците ќе ги доведат во шах мат позиција. Со таквиот политички гест и на Хорхе и на лидерот и на нивната поблиска дружина им се сечат „канџите“ во обидот да се спасат од соочувањето со правдата, во името на македонските национални интереси.

Очигледно е дека повлекувањето на „Тиранската изјава“, која патриотите така ја нарекуваат за да се нагласи „опасноста“ од странство, нема да расипе ништо во односите на демократски ориентираните сили. Само ќе ги отрезни оние кои навистина мислат, ако се‘уште има такви, дека земјата е во опасност од споменатата изјава. После повлекувањето на „Тиранската изјава“, и пред најзаведените и нај неинформираните ќе паднат и последните неиздржани агрументи на Хорхе дека со недавањето на мандатот тој ја чува Македонија за да остане онаква каква што ја знаеме денеска. Или како што во интервјуто за хрватски Глобус ќе изјави, „Ако ви ја раскажам детално целата ситуација - за сите кои се вклучени во она што се случува во Македонија и сето она што се случи во последните три години, Вие и вашата публика ќе доживеете тежина, а некои дури и ноќни кошмари“- рече Хорхе и остана жив.

А што после повлекувањето на „Тиранската изјава“? Да се надеваме дека Хорхе нема да процени оти препораките од Извештајот на Прибе ги загрозуваат интересите на Фамилијата, па поради тоа нема под никоја цена да му го додели мандатот на кандидат кој препораките за изведување на земјата на патот на демократијата и евроатланските интеграции ги има во Програмата за работа. Многу видовме. Изгледа дека ќе мора да се покаже дека таква глупост не поминува. Изборите завршија, влада треба да формира мандатарот кој има обезбедено мнозинство во Собранието.

Неполитичност е, да не речеме политиканство, што тоа не се направи и досега. Веројатно им е незгодно што изјавите за граѓанска рамноправност во налетот на предизборни ветувања ги толкуваа и како колективна рамноправност. Меѓутоа, на објективните Албанци тоа воопшто не им е важно, бидејќи веќе имаат две албански држави. Тие се борат за граѓанска рамноправност на повисоко ниво на задоволување на човековите потреби, а не каква што имаат сега, рамноправност во сиромаштија (не се знае кои се посиромашни), додека елитите (водачите на етничките заедници) пливаат во пари и луксузи.

А, истите тие „големи“ Македонци и „големи“ Албанци, кои играат на картата на национализмот во името на криминалот, досега не дадоа одговор на прашањето, зошто се иселија 500-600.000 млади луѓе и цели семејства во изминатата деценија. Тие се жртва на алчноста на „најпатриотската“ власт и на нивните интереси, да се спасат од соочувањето со правдата, па и по цена на пропаѓање на државата.

Значи, само поради толеранција на криминалците од врвовите на власта земјата тоне и гние. Трета година откако почна нивното демаскирање, око не им трепнува дека со секое одлагање на решавањето на проблемите геометриски се зголемува нивната одговорност. А секоја неодговорност има своја цена, и политичка и легалистичка. Губењето на власта и соочувањето со правдата се неминовни процеси. Сега, само прашање на време е кога ќе се случат и колкава ќе биде цената која народот ќе ја плати. Затоа што и неправдата и недговорноста чинат доста скапо, посебно доколку „луксузот“ траел цела една деценија.

д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати