23 Април, 2024
0.0267

Седум најскапи нешта во светот

Објавено во: Стил 02 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Не може секој да си ги дозволи овие задоволства, но убаво е да се знае кои се најскапите универзитети,часовници, куќи, дури и најскапото куче во светот.

Најскапиот автомобил Bugatti Veyron Supersport е најскапиот автомобил во светот произведен во Франција. За овој убавец на четири тркала треба да се плати неверојатни 2.600.000 долари и може да достигне брзина од 1200 коњски сили. Најскапиот рачен часовник Chopardе најскапиот рачен часовник кој чини само 25.000.000 долари и на себе има дијамнти во вредност од 201 карат. Часовникот има вкупно 844 дијамнти во разлини бои и форми од кои главните три се во форма на срце. Најскапиот универзитет Универзитетот Колумбија во Њујорк важи за најскап универзитет во светот. Еден студент треба да одвои 45.290 долари за партиципација за една година. Најскапата куќа Најскапиот дом во светот му припаѓа на индискиот милијардер Мукеш Амбани чие богатство е процентот на 43 милијарди долари. Тој, неговата сопруга и трите деца живеат во облакодер од 27 ката вреден две милијарди долари во центарот на Мумбаи. Најскапите чевли Harry Winston Ruby Slippers се прогласени за најскапи чевли кои чинат три милиони долари. Дизајнерот бил инспириран од легендарната приказна “Волшебникот од Оз“ и ги направил по повод 50годишнината од филмот. Овие црвени чевлички имаат 4.600 рубини вредни 1.350 карати и дијаманти од 50 карати. Најскапото куче “Големиот Сплаш“ од расата “голем црвен мастиф“ е најскапото милениче во светот. Неговиот сопственик искеширал 1.500.000 долари. Оваа раса потекнува од Тибет, биле чувари на монасите, а се верува дека и Буда имал ваков миленик. Најскапото вино Едно шише од Chateau Lafite 1787чини 160.000 долари.Продадено е во 1985 година во Лондон, а на самото шише се наоѓаат иницијалите на Томас Џеферсон.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган