18 Април, 2024
0.0291

Сефер Цановски: Турција даде сериозни забелешки за образованието, но поважен им беше партискиот интерес

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Сефер Цановски од ФОН Универзитетот даде своја оценка за одлуката на Турција повеќе да не ги признава дипломите од македонските високобразовни институции што е последица на самите македонски институции кои направиле многу грешки, а помалку на наводна одмазда за непреземањето на мерки против личности и организации за кои Ердоган смета дека се блиски до Фетула Ѓулен, проповедникот кој директно е обвинет за тероризам и извршување на летниот воен пуч.

- Раскинувањето на билатералниот договор за (не) признавање на дипломите помеѓу Турција и Македонија е силен удар врз нашава држава и еден од столбовите – образованието.

Вистинската причина зошто дојде до тоа треба да ја знаат оние најдоговорните. Многу веројатно е дека главната причина која ја прели чашата помеѓу Турција и Македонија е „непомагањето“ на барањето на Ердоган и Турција, братските држави да се вклучат во борбата против Фетула Ѓулен кого турската власт го прогласи за терорист и е главен осомничен за пучот од 15 јули во Туција.

Но, минатата година во февруари (пред пучот) турска делегација на чело со претседателот на YOK (највисок орган за образование) ги посети МОН, МАНУ, премиерот, претседателот на државава, каде според мои сознанија бил понуден нов билатерален договор каде меѓу другото се барале поголеми критериуми и стандарди кај универзитетите во Македонија. Но, поради политичката криза истиот не беше потпишан.

Исто така, на претставниците од врвот им биле укажани сериозни забелешки за дел од високообразовните институции во Македонија на кои YOK уште пред 2-3 или 4 години исто така јавно и во медиумите на 3 универзитети од Македонија им беше одземена дозволата за упис на студенти а нивните дипломи неважечки, со што на државава и беше нанесена штета креирајќи лоша слика за високото образование во Македонија.

Анкара виде и ги заштити своите граѓани, а нашиве институции си ги бранеа и бранат партиски врзаните релации со сопствениците на тие универзитети кои и ден денес се недопирливи од законот.

Како и да е, новиот премиер на Македонија и новата власт треба да направи се да ги поправи односите со Турција.

Да не дозволиме да загубиме братска земја, земја членка на НАТО, да загубиме пазар од 80 милиони, и да не зборувам на колку само милиони Турци своето потекло им е од Македонија.

Односите со Турција треба, според мене, да бидат не помалку важни од евроатлантските прашања. Турција била и ќе биде една од најголемите и најуспешни земји во регионов. Турција била и ќе биде голем пријател на нашиот народ и ние треба да направиме се што е потребно да ги средиме односите, напиша Цановски на својот Фејсбук профил.


Можеби ќе ве интересира

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!