СЕКОЈ ГОСТ Е ДОБРЕДОЈДЕН: Град со три милиони ноќевања
Објавено во: Балкан 25 Август, 2017
Хрватскиот град Ровињ е прв во земјата кој реализираше 3 милиони ноќевања и тоа две недели порано од лани.
Градот имал 490.000 посети или за 12% повеќе во однос на истиот период лани.
Најголем број од гостите биле од Германија, односно за 19% имале повеќе гости од лани од оваа земја.
Ги посетуваат и голем број Австријци, односно кај нив има раст на посети за 11%.
За разлика од лани, оваа година голем број од хотелите беа реновирани.