Секој нивни жител должи по 1.175 евра
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2017
На крајот на минатата година секој жител на Република Српска должел по 1.175 евра.
Во однос на една година претходно нивната задолженост пораснала, а претходно изнесувала 1.154 евра по човек.
За да се утврди задолженоста на граѓаните на Република Српска на крајот на 2016 година, користени се податоци од пописот во РС и БиХ во 2013 година.
Според овие податоци, бројот на жители во Република Српска е 1.170.342.