СЕКОЈ ПЕТТИ МАКЕДОНЕЦ СИРОМАШЕН: Се преживува и со 6.500 денари
Објавено во: Економија 17 Октомври, 2017
Секој петти Македонец живее во сиромаштија, a проблемот е најголем кај најмладите, а најмал кај повозрасните граѓани.
Во земјава 450.000 луѓе живеат во сиромаштија, односно со помалку од 6.500 денари месечно, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Семејствата со три и повеќе деца се во поголем ризик од сиромаштија.
Надлжените планираат до 2020 сиромаштијата од 21,5%, колку што изнесува во моментов, да ја намалат до 16%. Планираат и да ги скратат непродуктивните трошоци за да има повеќе средства за социјално ранливите категории граѓани.
Според податоците на Обединетите нации, во светот повеќе од 2 милијарди луѓе живеат во сиромаштија.