20 Април, 2024
0.0283

Секој сака надвор од ЕУ

Објавено во: Анализа 03 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Европската Унија почнува да делува како брак во криза. Никој не гледа што е постигнато во него и сите се фокусираат на моменталните проблеми. Па така Каталонците сакаат да се делат од Шпанците, Шкотите сакаат да се делат од Британија, а Британија пак сака да се дели од ЕУ. Кога Винстон Черчил по завршувањето на втората светска војна бараше формирање на обединети држави на Европа се чинеше дека до такво нешто некогаш ќе дојде. Сепак денеска овој негов сон, делува доста далечно. Според истражувањата на британски Обсервер големи 56% од анкетираните се изјануваат дека британците треба да ја напуштат Унијата. Примерот Камерон покажува заби и не се согласува со полно предлози кои доѓаат од копното на континетот. Последните такви несогласувања беа околу рамката на новиот европски буџет во кој британците учествуваат со околу 200 евра по глава на жител. Се чини дека денеска сите занемаруваат дека бенефитот од ЕУ се проценува дека е околу 4.000 евра по глава на жител. Иронично е дека додека сите зборуваат за излегувањето на Грција од Унијата, всушност во голем број држави има повици за самостојност или за излегување од Унијата. Се чини дека мора да биде пронајден начин преку кој на луѓето ќе им се објасни дека стандардот кој го имаат немало да биде можен доколку Унијата не постоела. Од друга страна сиромашниот југ ќе мора да разбере дека нивниот стандард не може вечно да биде базиран на кредити. Баланс мора да биде пронајден, во спротивно доколку биде поделен континентот ќе биде безначаен играч на големата економска карта. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!