Добивај вести на Viber
Истражувањето во кое учествувале 3,000 испитаници на вораст од 15 до 39 години, покажале дека 34% од немажените Јапонки не сакаат да продолжат со работата откако ќе се омажат. И покрај високото ниво на образование, многу жени во Јапонија ја напуштаат работата и стануваат домаќинки.
Испитувањата на министерството за труд и социјална политика во Јапонија покажаа дека 38 % до Јапонките не сакаат да бидата домаќинки, додека преостанатите немаат став по ова прашање. Наспроти ова, потенцијалните сопрузи не се многу ентузијасти за оваа идеја и секој петти Јапонец сака неговата идна сопруга да биде домаќинка.
Стручњаците сметаат дека жените би можеле да помогнат во зацврстување на јапонската економија ако се зголеми нивниот број.
Премиерот Шинзо Абе им вети на жените дека ќе им даде можност за вработување, се со цел да се придвижи економијата, додека министерот за надворешни работи најави дека до 2020 година 30% од високите позиции во владата, ќе ги држат жени. Моментално, два од 19 членови на кабинетот се жени.