16 Април, 2024
0.0232

Села не си оди од Владата така лесно - Ќе „раскине“ ли Заев?

Објавено во: Анализа 25 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Да се биде дел од власта секогаш е слатко и не е така лесно за една партија да се откаже од веќе стекнатите позиции, па и ако сакате добиени функции и вработувања во администрацијата со што се задоволува членството кое се ангажирало. Таков е случајот и на Алијансата за Албанците која и натаму не донела одлука да излезе од владината коалиција со Заев но, и со Ахмети со кого имаат најголеми политички спротиставености.

Алијансата за Албанците на централното собрание повеќе посвети внимание на иднината на партијата и закажа конгрес следната година во март кога ќе се бира лидер, како и за ефектите од последните локални избори на кои завршија зад ДУИ според бројот на освоени гласови со три општини.

Зијадин Села засега останува во Владата и се надева дека ќе има шанса ветените реформи пред граѓаните да ги реализира заедно со Зоран Заев кого го потсети дека му должи многу за промените во Македонија, особено со жртвата која ја даде во Собранието при крвавите напади на 27 април, како и со изборот на Талат Џафери за нов собраниски спикер и сите понатамошни важни одлуки кои без АзА немаше да се реализираат.

Алијансата и натаму инсистира дека на нив им припаѓа министерството за здравство бидејќи имаат најквалитетни докторски кадри каков што беше Арбен Таравари. Сепак, се отвора можноста Алијансата да прифати Венко Филипче да биде изгласан за министер за здравство, а тие да ги задржат заменичките места во труд и социјална политика со Елми Азири, во министерството за транспорт и врски со заменикот Ремзи Мехмед и во надворешни работи со заменик министерот Арта Точи.

За АзА да остане во Владата на Заев мора да се смисли потег со кој Села би го задржал своето достоинство и политичка гордост, па така повторно отпаѓа прифаќање на нов вид на вицепремиер за реформи, па можеби ќе се очекува друг вид на владина компезанција за зачувување на нивното учество во коалицијата и соодветно во парламентарното мнозинство.

За идните чекори засега има молк од СДСМ и ДУИ, но вратата за компромис и натаму е отворена, освен ако сега Заев не реши да пресече и да каже дека нема да дозволи нови преговори или условување за продолжување на „врската“ со села и Алијансата.

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза