Села официјално ќе биде дел од новата влада-го предлагаат Таравари за министер за здравство
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2017
Движењето за реформи ДПА на Централно претседателство вечерва одлучи да биде дел од новата влада на мандатарот Заев.
Според она што го изјави Зијадин Села од нивна страна за министер за здравство е предложен Арбен Таравари .
Како движење на ДПА им следува едно министерско место, а како Алијанса за Албанците имаат две ресорни министерства од кои другото е за локална самоуправа.