29 Март, 2024
0.0257

Семафорите страв и трепет за административците, добија нов софтвер

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Во Централниот регистар од денеска функционираат надградени верзии на уредите за оценување на работата на администрацијата популарно познати како „семафори“. Новите уреди работат со сензори на допир, имаат и звучен и светлосен сигнал при притискање на црвеното, жолтото и зеленото копче за оценка. Содржат и сим картичка и батерии за алтернативно функционирање.

Оценки за работатата на администрацијата граѓаните можат да изнесат и преку новата веб страница sеmefor.mioa.gov.mк., што за таа намена ја постави Министерството за информатичко општество и администрација.  Овозможено е внесување на архивскиот број на предметот и на институцијата и одделението  каде е побара услуга.

Надградбата на системот уследи по поплаките од граѓаните за првите уреди што беа инсталирани во повеќе државни институции.

- Уредот никогаш не бил дизајниран така, но по препораките на граѓаните системот го надградивме и тој сега работи на сензор на допир, што значи дека не може да се извадат копчињата или да се  расипат, има звучен сигнал, лед диода и сим картичка со која се овозможува после секое гласање  секој глас да се испраќа до администраторот во централната на институцијата. Содржи и батерија со којашто доколку  се исклучи од напојувањето ќе функционира подолго време, но  во ист момент испраќа сигнал до администраторот доколку има некаков дефект, изјави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Тој очекува со надградбата граѓаните уште повеќе да ги користат уредите, а  идејата на МИОА е да постави на сите 1.200 шалтери.  Надградбата  и новата веб страница овозможува оценка и за целиот тим што работи на предметите.

Според Ивановски, од оценките за институциите што беа опфатени во правата фаза, над 80 проценти од граѓаните се  задоволни од услугите што ги одбиваат. Направена е дополнителна анализа за да се утврди  на што се должи незадоволството на останатиот процент и е утврдено дека мал процент од граѓаните не се задоволни  кога не може да добијат право што го бараат бидејќи не е законско,  но од друга страна има и такви во администрацијата  што не се коректни, не се однесуават како што треба со граѓаните, не се услужно ориентирани.

- Таа информација е доставена до сите  менаџери на институциите за да при следното оценување ги имаат предвид и забелешките од граѓаните,  рече Ивановски.

Во првата фаза од надградбата на проектот се  инсталирани 106 уреди, во Агенцијата за вработување во Скопје, во одделенијата на фондовите за здравство  во Битола, во Охрид и во Штип, канцелариите на агенцијата за катастар на недвижност во Битола, во Охрид, во Штип,  во секторот за патен сообраќај на Министерството за транспорт и врски, во Централен регистар на Македонија  и во Клиничкиот центар во Битола

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра