Семејните бизниси во мозаикот на европската економија - колкав удел имаат?
Објавено во: Економија 03 Декември, 2016
Семејниот бизнис придонесува за околу 80% од европската економија.
Според генералниот секретар на Европската организација на семејните бизниси, семејните компании создаваат 60% од вработеноста во приватниот сектор.
Овие компании, за разлика од останатите не бараат брз профит, туку го ставаат фокусот врз продолжувањето на бизнисот за генерациите.
„Покрај тоа, семејните компании имаат многу блиски врски и односи со заедницата во која тие се позиционирани. За нив се многу важни клиентите и добавувачите отколку акционерите на пример“ - вели Хесус Касадо, генерален секретар на Европската организација на семејните бизниси.
Тие се многу флексибилни и прилагодливи, додаде Касадо.
„Ако во одреден момент има тешкотии, тоа нема значење - тие продолжуваат да се борат" - кажа Касадо.
Другиот проблем е што често семејните компании не сакаат да бараат инвеститори од надвор. Затоа можноста да добијат надворешен капитал се занемарува, а тоа го попречува развојот на бизнисот.