24 Април, 2024
0.0331

СЕМЕЈСТВО ЈА РАСКАЖУВА СВОЈАТА АВАНТУРА: Од Франција до Црна Гора стигнале со велосипеди

Објавено во: Стил 20 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Француското семејство Пикард од француското село Вињу кај италијанската граница, со велосипеди допатувало во Црна Гора. 

Таткото Сирил, мајката Колин, и двете деца на две тркала патувале до Црна Гора, а попат спиеле под ведро небо. 

Тргнале на пат пред два месеци, и преку Италија, Хрватска, БиХ стигнале во Црна Гора. 

Се решиле за вакво патување затоа што сакаат да ги запознаат земјите, луѓето и културите. 

„Велосипедите ги биравме затоа што се достапни, поточно ги имаме одамна, и патувањето на овој начин не е скапо. Со децата патувавме два пати, но тоа беа пократки патувања во Франција од по 10 дена за да ги тестираме“ - велат родителите. 

На грбот секој од нив има вреќа за спиење и други работи како храна и алати за поправка кои им се неопходни. 

Раскажуваат дека целото патување е организирано до ситни детали затоа што се со деца. 

Колин вели дека мораат да имаат храна и вода затоа што може со денови да патуваат на места каде попат нема маркети. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган