СЕНАТОТ ОДОБРИ КОНТРОВЕРЗЕН АКТ: Ќе го потпише ли Трамп законот за прислушување
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2018
Американскиот сенат во четвртокот го одобри законот за повторно одобрување на операцијата за прислушување на странски државјани во странство, кое го спроведуваат поедини американски разузнавачки агенции.
За шест годишното продолжување на програмата гласале 65 сенатори а 34 биле против. Следен чекор е во Белата куќа да го потпише и одобри претседателот Доналд Трамп.
Законот предизвика многу контроверзии минатите години, бидејќи иако се мета на хартија во странство, се случувало разузнавачките агенции да прислушуваат и американски граѓани на територијата на САД, без налог.