24 Април, 2024
0.0258

Сериозни пробивања на роковите за новите автопати според заводот за ревизија

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Изградбата на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновце – Штип, што се градат со кинески кредит, нема да заврши навреме. Крајните рокови – април 2017 година за автопатот Миладиновце – Штип, односно крајот на јануари 2018 година за Кичево – Охрид, ќе бидат сериозно пробиени, констатира Државниот завод за ревизија, пренесува Мета.

Делницата на автопатот во западниот дел од земјава е со должина од 57 километри и е со првична вредност од 374 милиони евра. Вториот автопат, во источна Македонија, е долг 47 километри и има првична вредност од 206 милиони евра. Двата проекта се финансираат преку кредит од кинеската „Ексим банка“.

Државиот завод за ревизија, по увидот во документацијата за текот на градежните работи, но и во делот на финансиите утврдила дека, изградбата на автопатиштата се одвива со бавно темпо, односно има доцнење како во делот на градежните работи, така во делот на финансиската реализација.

„Со извршената споредба на планот за повлекување на средствата од Јавното претпријатие за државни патишта, доставен до кинеската банка, за двата проекти за изградба на автопатиштата, по датуми и износи и реалното повлекување на средствата на база на времени ситуации, може да се констатира дека постои значително отстапување, кое укажува дека изградбата на автопатотот не се одвива согласно планот, односно има задоцнување поради што изградбата на двете делници нема да се реализира во предвидениот рок“, се вели во ревизорскиот извештај.

Ревизорите констатирале и голем број на неусогласености помеѓу проектната документација и состојбата на терен што предизвикува големи корекции во истата.

Според ревизорите, досега се платени 17 милиони евра повеќе за негативни курсни разлики, врз основа на начинот на кој бил склучен договорот со кинеската банка (плаќањето во американски долари), а од друга страна ЈП за државни патиштата овие негативни курсни разлики ги прикажувала како трошок, а не како вредност на инвестицијата. Кинескиот кредит со кој се градат автопатиштата е во вкупен износ од 580 милиони евра. 


Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата