Сервер: Русија ќе направи се за да ја спречи Македонија во НАТО
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2017
Американскиот професор и аналитичар Даниел Сервер, испрати порака за многу поактивно ангажирање на САД отколку досега на Балканот со цел да ги заштити своите интереси за ширење на НАТО и да го спречи руското негативно влијание кое може да доведе до нови дестабилизации.
– Тоа би била нова американска иницијатива, но во областа на само неколку најважни
прашања, вклучувајќи ја уставната реформа во БиХ, статусот на Косово и прашањето за името на Македонија, пишува Сервер.
Според оценката на Сервер, две најлесни мети за руско мешање на подрачјето на Западен Балкан се Република Српска и Македонија.
– Русија ќе направи апсолутно се што може за да го спречи влезот на Македонија во НАТО, како што се бореше против членството на Црна Гора во Алијансата, додека во Република Српска ќе преземе се што треба за Милорад Додик никогаш да не прифати ниту еден предлог за уставна консолидација на БиХ, оценува Сервер, додавајќи дека САД треба тоа да го измени.