СЕСТРАТА НА КИМ ГО ИСПОРАЧА ТАЈНОТО ПИСМО: Каква порака му прати лидерот на Пјонгјанг на својот колега од Јужна Кореја
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2018
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун го повикал претседателот на Јужна Кореја Мун Џае ин во Пјонгјанг и тоа во писмото кое му го предала сестрата на Ким, соопшти Сеул.
Помладата сестра на Ким, Ким Јо џонг, му го предала писмото на реткиот состанок со Мун во саботата.
Таа рекла дека нејзиниот брат го замолил Мун да го посети главниот град на Северна Кореја колку што е можно поскоро.
„Додека го испорачувала писмото од Ким Џон ун, таа и усно го повикала претседателот Мун Џе ин да го посети Северот во момент во кој му одговара, велејќи дека лидерот на Северна Кореја е подготвен да го запознае Мун што е можно поскоро“, изјавил портпаролот на претседателот на Јужна Кореја.
Тој додал дека претседателот на Јужна Кореја одговорил на повикот велејќи дека „Ајде тоа да го направиме со создавање на неопходни услови во иднина“.
Претседателот на Јужна Кореја ја споменал потребата Северот да продолжи со својот дијалог со САД.
„Продолжување на дијалогот меѓу САД и Северот е неопходно и за развој на односите на Јужна и Северна Кореја“, рекол Мун, наведува неговиот портпарол.