20 Април, 2024
0.0300

Сеул испрати конечен предлог до Пјонгјанг за обновување на работата на Кесонг

Објавено во: Свет 29 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Конечен предлог до Северна Кореја за преговори за обновување на работата на индустриската зона Кесонг, испрати денеска Јужна Кореја. Индустриската зона еднострано беше затворена од страна на Пјонгјанг во април. На овој предлог му претходеа шест рунди преговори изминатите недели кои не успеаја да ги придвижат работите. Предлогот на Сеул беше предаден на граничниот пункт Панминџон во демилитаризираната зона, каде беше потпишано примирјето, со кое е ставен крај на Корејската војна (1950-1953 година). - Уште еднаш упатуваме барање до Северна Кореја да направи добар избор, кој ќе доведе до нормализација на работата во Кесонг и на меѓукорејските врски. Доколку Пјонгјанг не даде јасен одговор на барањето на Сеул да гарантира дека нема еднострано да го затвора Кесонг, Јужна Кореја ќе биде принудена да донесе „сериозна одлука“  - изјави портпаролот на Министерството за национално обединување, Ким Јон-сук, кој не сакаше да прецизира за какви мерки станува збор. Откако Северна Кореја им го забрани пристапот во Каесонг на 53-те илјади Севернокорејци кои работат таму, загубите на 123-те компании од Јужна Кореја, кои отворија фабрики во зоната, достигнаа 935 милиони долари. Во знак на добра волја Сеул дозволи денеска испраќање на хуманитарен транспорт за Северна Кореја. Пет организации добија зелено светло да и достават на Северна Кореја лекови, храна и детска облека. Освен тоа Сеул додели и 4,5 милиони евра за проекти за севернокорејските деца, кои се поддржани од УНИЦЕФ.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТЕТО СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕТО СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски