Добивај вести на Viber
Грција сеуште нема постигнато договор со меѓународните кредитори за пакетот мерки за штедење, информираа денеска од Европската комисија.
Како што изјави Сајмон О Конор, портпаролот на еврокомесарот Оли Рен, бројот на отворени прашања се намалува и уверен е дека договорот наскоро ќе биде постигнат.
Грчкиот премиер Андонис Самарас вчера соопшти дека е постигнат договор со „тројката“ за пакетот мерки за заштеда на 13,5 милијарди евра.
Еврозоната денеска ги повика грчките власти да сторат се за брзо да ги завршат преговорите.
„Ги повикуваме грчките власти да ги решат несогласувањата и со тоа да ги завршат набјрзо што можат преговорите со тројката“, стои во соопштението од канцеларијата на претседателот на Еврогрупата Жан Клод Јункер.