28 Март, 2024
0.0253

Северна Америка се бори за срцето и паричникот на Амазон

Објавено во: Свет 22 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Amazon.com добива понуди за даночни олеснувања и други преференции во вредност од милијарди долари од цела Северна Америка, пишува Reuters. Во моментов американската компанија прави конкурс, по кој ќе процени каде ќе изгради втора централа HQ2. Инвестицијата ќе биде околу 5 милијарди долари и се очекува да создаде 50 илјади нови работни места.

Основните барања на Amazon се инвестициската дестинација да биде метропола со население од над 1 милион лица, добро образовано население, добро организиран градски превоз и, очигледно, пониски трошоци во однос на оние кои ги има централата во Сиетл, САД.

Од Amazon велат дека ќе ја објават одлука следната година.

"Нема подобро место за водење бизнис од Канада", напишал премиерот Џастин Трудо во писмо до главниот извршен директор на Amazon Џеф Безос, испратено на 13 октомври.

Слични намери има и Калифорнија. Според информација на Reuters локалната власт е подготвена да даде даночни олеснувања во вредност од 1 милијарда долари во следната деценија.

Џејсон Лери - градоначалникот на Стонкрест, предградие на Атланта, има еден значително екстраваганен предлог. Тој има намера да користи 345 акри, за да изгради град Amazon, а Џеф Безос ќе биде негов доживотен градоначалник.

Откако е формирана во 1994 година како онлајн продавница, Amazon постојано се обидува да оптимизира плаќање даноци. Како за себе, така и за своите клиенти. Така на пример во последниве години компанијата не вклучува во цената на некои свои производи данок на промет и се обидува да прима олеснувања од различни влади.

Можеби ќе ве интересира

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина