Северна Кореја бара инвеститори за казино крузер
Објавено во: Свет 24 Март, 2017
Северна Кореја не престанува да го изненадува светот со своите воени, но и економски политики. Сега објави повик до странски инвеститори кои треба да вложат во крузер со капацитет од 1000 патници кој датира од Советската ера со цел да го развијат туризмот, а како главна мамка им е можноста на туристите да се коцкаат во бродското казино, како и со други форми на забава.
Крузерот Ројал Стар е прикотвен во пристаништетот покрај планината Кумганг која порано заедно со Јужна Кореја беше развивана како туристичка дестинација. Сепак, овие заеднички операции беа прекинати кога војници застрелаа турист од Јужна Кореја додека пешачел на плажа.
Крузерот ќе патува во регионот на Југоисточна Азија и до Владивосток но, постојат големи сомнежи дека било кој е спремен да инвестира во Северна Кореја која продолжува со агресивната нуклеарна програма.