Северна Кореја лансираше ракета - каде падна?
Објавено во: Свет 21 Мај, 2017
Балистичката ракета што ја лансирала Северна Кореја летала околу 500 километри и се смета дека паднала кај источниот брег на земјата.
Здружениот стручен штаб на оружените сили на Јужна Кореја и САД спроведува детална анализа на лансирањето.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе Ин одржа седница на советот за национална безбедност за да се дискутира за лансирањето.
Ова е ново тестирање ракета, само една недела откако Северна Кореја успешно тестираше балистичка ракета со среден дострел, за која Пјонгјанг тврди дека има способност да носи нуклеарна боева глава, а леташе подолго и подалеку од која било претходно лансирана ракета.
Во соопштението се истакнува дека Северна Кореја „попладне лансирала неидентификуван проектил од Пукчанг, во провинцијата Јужен Пјонгјанг“.
Минатата недела Пјонгјанг лансираше ракета со среден дострел „хвасонг-12“, а аналитичарите тврдат дека нејзиниот мотор има досега најголем дострел.
Тоа беше десетто лансирање ракета годинава, по десетината тестирања и двете нуклеарни проби во 2016 година. Северна Кореја забрзано работи на развој на интерконтинентална балистичка ракета способна нуклеарна боева глава да однесе до САД.
Претседателот на САД, Доналд Трамп кажа дека „нема да дозволи тоа да се случи“.
Пјонгјанг одамна може да погоди мети во Јужна Кореја, со ракети „скад“ со дострел од 500 килокметри, додека Јапонија може да ја погоди со ракетите „родонг“ кои можат да дофрлат меѓу 1.000 и 3.000 километри.