СЕВЕРНА КОРЕЈА ПОВТОРНО „ПУКА“: Изненадно испали балистичка ракета кон Јапонија
Објавено во: Свет 28 Јули, 2017
Северна Кореја испалила балистичка ракета која летала околу 45 минути над Јапонското море, потврди генералниот секретар на јапонскиот кабинет на министерот Јосихиде Суга.
Суга додал дека нема податоци за штета а дека е можно ракетата да паднала во исклучиво економска зона на Јапонија.
„Тоа е очигледно нарушување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Се продолжуваат провокациите кои се недопирливи. На Северна Кореја и соопштуваме дека одлучно протестираме и најостро го осудуваме нејзиниот потег“, рекол Суга.
Јапонија ги повика Кина и Русија да извршат дополнителен притисок на Северна Кореја по повод новата ракетна проба, изјавил Суга.