Северна Кореја: Сакаме да бидеме воено силни како САД
Објавено во: Свет 16 Септември, 2017
Целта на Северна Кореја е постигнување „еднаквост“ во воената сила со САД, соопшти севернокорејската национална новинска агенција, ден после тестирањето на балистичката ракета со среден домет "hvasong - 12".
„Наша крајна цел е да воспоставиме еднаквост на реалната сила со САД и да направиме лидерите на САД да не се осудат да зборуваат за воена интервенција против Северна Кореја“, рекол лидерот на таа земја Ким Џонг Ун.
Пјонгјанг испали втора ракета во правец на Јапонија за помалку од месец дена, што наведува САД да соопштат дека имаат подготвена воена акција против Северот, нагласувајќи така дека трпението за дипломатија е близу до крај, пренесе Ројтерс.