Сезонците од овие работи можат и да се збогатат
Објавено во: Економија 10 Април, 2017
Сезонската работа е многу популарна во Србија за младите, пензионерите и студентите.
Овоштарници има во Ариље, Ивањица, Гуча, Болеч, а сопствениците на овие овоштарници бараат искусни работници за берба.
За берба на малини, капини, јаболка, праски дневниците се движат од 1800 до 2300 динари.
Од средината на јули се бере боровница и за неа се плаќа дневница од 4000 динари.
За берачите ова е чиста заработка затоа што имаат обезбедено сместување и храна.
Се бараат и берачи на домати, краставици и пиперки, а нив ги плаќаат 35 динари по килограм.
На некои фарми во Србија за работа плаќаат по 400 евра месечно, но бараат сериозни луѓе за работа.