25 Април, 2024
0.0536

СФДМ: Семинар за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

За разлика од поголемиот дел на синдикати во Република Македонија кои своите активности ги сведуваат на набавка на прехранбени продукти и новогодишни пакетчиња, Синдикатот на финансиски дејности на Македонија (СФДМ) промовира и презема активности за информирање и едукација од стручен карактер, стои во денешното соопштението од СФДМ. Семинарот ќе се одржи на 21.12.2012 година, петок, во просториите на ССМ со почеток во 12 часот. Како што појаснуваат од СФДМ, имајќи го во предвид интересот за одредени прашања од регулативата и банкарската практика кај стручната јавност, на овој семинар ќе се разговара за начините на спречување перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам. Исто така, ќе бидат обработени одредени аспекти од анализата на клиентите на финансиските институции, при што посебно внимание ќе биде обрнато на начинот на утврдување на крајниот сопственик. „Иако утврдувањето на крајниот сопственик на клиентите претставува обврска на финансиските институции веќе неколку години, сепак во стручната јавност подолго време се појавуваат различни ставови, дилеми, па и спротивставени мислења во однос на ова прашање. Поаѓајќи од определбата на СФДМ да даде одговори на отворените прашања кои се присутни во финансиската сфера, се донесе одлука да се организира семинар посветен на оваа проблематика“, стои во соопштението од СДФМ. Семинарот ќе биде отворен од страна на претседателот на СФДМ м-р Гоце Селовски, а свое обраќање ќе има д-р Владимир Наумовски - експерт за спречување на перење пари. Стручниот дел од семинарот ќе биде презентиран од страна на м-р Мирјана Ѓорѓиоска и д-р Гоце Трајковски.  

Можеби ќе ве интересира

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски