СФРЈ ја купила за 300.000 долари, а денес вреди 50 милиони
Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2017
Во април Србија, Хрватска, БиХ, Словенија и Македонија се согласија да се продаде имотот на СФРЈ во Њујорк.
Договорени се и цените на објектите. Така објект во Третата авенија кој е купен за 300.000 долари во 1946 година сега чини 50 милиони долари.
Има шест заинтересирани купувачи, а земјите наследнички на СФРЈ се договориле дека нема да се продаде под 40 милиони долари.
На крај кога ќе се приберат понудите, сите земји ќе дадат свое мислење за понудите.
Засега се шпекулира дека меѓу купувачите се познати холивудски актери, но оваа информација не е потврдена.