Шахпаска вети стопроцентно зголемување на платата на здравствените работници
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017
Зголемување на основната плата за 100% за сите здравствени работници, најави денеска
Јагода Шахпаска, пратеничка и членка на Комисијата за здравство на СДСМ.
Таа додека дека новата реформска Влада ќе ја укине партиципацијата за болничко лекување. Ќе има бесплатно болничко лекување за сите осигуреници. На тој начин гарантираме дека секој граѓанин ќе го добие потребното болничко лекување,
„Новата Влада ќе изгради, реконструира и ќе ги опреми другите општи и клинички болници во Македонија за да осигура дека секој граѓанин ќе ја добие потребната здравствена грижа. Ќе го олесниме и патот на граѓаните до потребниот лекар и медицинска услуга.
Проектот „Мој термин“ ќе го надградиме во систем што гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво. Пациентот ќе биде во центарот на вниманието. Ќе ги растеретиме докторите од непотребните и обемни административни процедури. И ќе покажеме вистинска грижа за лекарите и за медицинскиот персонал на кои ќе им овозможиме професионална работа и мотивација да останат да работат во јавното здравство, наместо да заминуваат од него. Тоа ќе го постигнеме со зголемување на основната плата за 100% за сите здравствени работници. За сето ова да почне да се остварува неопходно е во најкусо време претседателот Зоран Заев да го добие мандатот и новата реформска Влада да почне да работи во интерес на сите граѓани“ - изјави Шахпатска.
Таа порача дека тендер политиките ќе заминат заедно со неодговорните политичари.