ШАНГАЈСКА ЛИСТА: Белград меѓу првите 300, Загреб испадна
Објавено во: Балкан 15 Август, 2017
Харвард 14 години е најјак факултет на светот.
Србија е јака во областа на прехранбената технологија и е на високото 35-то место.
Универзитот во Белград ја задржа својата позиција на Шангајската листа со 500 најдобри универзитети, така што се наоѓа меѓу 201 и 300 место.
Другите универзитети не влегоа во оваа друштво, но за потсетување за прв пат неодамна по области влегоа Нишкиот, Новосадскиот и универзитетот од Крагуевац.
На табелата Србија има подобра позиција во однос на лани.
Српски универзитет за прв пат има најдобра позиција од 2012 година од кога е влезен на листата.
Кембриџ ја подобри позицијата и сега е трети, а минатата година беше четврти во светот.
Универзитетот од Љубљана е меѓу 401 и 500 место, и тој е единствен од бивша СФРЈ на листата.
Загребскиот лани беше во последните 100, а сега испадна од листата.
Шангајската листа од 2003 година ја објавува кинескиот Универзитет Циао Тонг, иако критериумите се дискутабилни, но сепак таа е најдобра во светот.